Search
Close this search box.

„Етно разгледница на Република Македонија“од учениците од ООУ„Невена Георгиева-Дуња“

Кои се најпрепознатливите македонски јадења, музички инструменти, како изгледаат македонските носии, македонските ора, кои се најзначајните одбележја на македонскиот народ?

 Учениците од ООУ “Невена Георгиева-Дуња” од општина Кисела Вода, имаа можност да се запознаат со културното наследство, обичаите и традицијата на македонскиот народ, преку проектот „Етно разгледница на Република Македонија“, кој е дел од годишната програма за работа во ова училиште.

Во присуство на Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, претставници на  општината, од Бирото за развој на образованието,  актери и  соработници, учениците заедно со своите наставници и родители го презентираа сработеното.

Преку претстава прикажаа видео стрип за македонските народни инструменти, направија презентација на лековитите растенија и чаеви кои растат на ова поднебје, беа прочитани и стихови посветени на традицијата и обичаите, напишани од професорот по одделенска настава Марика Нацева, а потоа сите заедно ја дегустираа македонската традиционална храна што ја подготвија родителите и наставниците од училиштето.

 

– Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство кое ја претставува една земја. Во Република Македонија таа овозможува да се сочува и негува културниот идентитет на Македонците и Македонија, бидејки македонското творештво има непроценлива вредност како културно обележје-истакна во своето обраќање пред присутните директорот на ООУ “Невена Георгиева-Дуња” Зорица Русевска, која нагласи дека проектот успешно се спроведува веќе втора година меѓу учениците од одделенската настава во ова училиште.

Споделете:

Scroll to Top