Search
Close this search box.

Започнува вториот циклус натпревари од Спортуваме, навиваме, другаруваме”

Општина Кисела Вода известува дека е во тек реализацијата на проектот “Спортуваме, навиваме, другаруваме” кој се спроведува во соработка на ПСОН Кисела Вода.  Во контекст на истиот, во сабота, 25.04.2015 година,  со почеток од 10 часот во спортската сала “Архиепископ Доситеј” во ОУ “Круме Кепески”,  започнува вториот циклус на натпревари кои се предвидени во календарот на активности во склоп на проектот.

 За таа цел Ве покануваме да земете учество со навивање и бодреше на екипите кои ги играат натпреварите.

Календар на активности за 25.04.2015 ( сабота ) спортска сала “Архиепископ Доситеј”

– 10.00 часот – селекција на КВ – селекција на Драчево ( ООУ – мал фудбал )

– 10.40 часот – Васил Антевски Дрен – Браќа Миладиновци ( ученици – мал фудбал )

– 11.20 часот – професори средни училишта – наставници основни училишта ( мал фудбал )

– 12.00 часот – професорки од средно – наставнички од основни ( одбојка )

Споделете:

Scroll to Top