Инфраструктура

 

Географска положба

Општина Кисела Вода се простира во јужниот и југоисточниот дел на Скопската котлина. Источната граница на општината е до централното градтско подрачје на општината Центар. Северната граница се простира по железничката линија Скопје – Велес со кој патен правец општината граничи со новофорнираната општина Аеродром. На источната и југоисточната страна граничи со општината Студеничани, а на јужната страна со планината Водно каде се простира граничната линија со општината Сопиште. Кисела Вода има правец на простирање исток – запад во должина од 14,2 км и правец север – југ во должина од 3,3 км. Во рамките на ваквите гранични линии со соседните општини, општината Кисела Вода има површина од 46,86 км2. Во општината во непосредното градско подрачје се наоѓаат населбите Чешма и Бирарија, на ниските делови од северната страна на планината Водно се наоѓаат населбите Црниче и Пржино и во источниот дел населбите Припор и Усје. Во централниот дел од општината се наоѓаат населбите: 11 Октомври згради и бараки, Кисела Вода и Цветан Димов. На источниот дел од општината се наоѓаат населбите: Пинтија и Драчево.

Вкупна површина на општина Кисела Вода    46,86 км²

Вкупно население        58.216

Стапка на природен прираст      4,2%

Вкупен број на домаќинства      17.577

Вкупен број на станови       20.237

Број на населени места (населби)     14

Урбани населени места (населби)       8

Рурални населени места (населби)       6

Според пописот 2002 година 

 

Геолошка и тектонска структура

Територијата на општина Кисела Вода, според својот постанок, е релативно млада геолошка градба која настанала по тектонски пат. Всушност, целата територија на Општина Кисела Вода настанала со тектонско спуштање на земјата во правец југозапад-североисток. Територијата на Општина Кисела Вода според геоморфолошката анализа е доста стара и почнува некаде од палеогенот и го опфаќа периодот на земјината историја која започнала пред 70 милиони, а завршила пред 35 милиони години.Јаките тектонски движења на земјината кора придонеле во овој период да се формира големото Скопско Езеро.Највисоката точка на тоа езеро се наоѓала на територијата на општината , односно под самиот врв на Водно до околу 900м.

 

Релјеф

Релјефот во општината во источниот, северниот, централниот и западниот дел е низок, рамничарски, разделен со неколку алувијални рамнини. Во јужниот и југоисточен дел преовладува ридесто земјиште кое постепено се издигнува кон планината Водно. Најниската релјефна точка е во северниот дел на населбата Драчево 242м, а највисоката е во западниот дел од населбата Припор 411м. Вкупното земјиште на општината изнесува 3.424 хектари и е структурирано на градежно, обработливо, шумско и ерозивно земјиште.

 

Климатски карактеристики

Врз климатските особини на територијата на Општина Кисела Вода посебно влијание има положбата и локалните орографски услови. Средната годишна температура на воздухот на Општина Кисела Вода изнесува 12,5 степени целзиусови. Апсолутната минимална температура во неа изнесува 22,9 степени, додека годишната максимална температура изнесува +41,2 степени целзиусови. Општина Кисела Вода се одликува со топли лета, дури на моменти и многу топли и суви, а зимите се умерени,студени. Есента е релативно потопла од пролетта.

Во Општина Кисела Вода просечниот мразен период трае 170 дена. Првиот (или есенскиот) мраз се појавува во период од втората половина на септември до ноември месец, а пролетниот мраз се појавува од втората половина на февруари и трае до мај месец.

Територијата на Општина Кисела Вода се одликува со најголема облачност во Македонија по Полошката котлина (0,6 десетини). Просечната годишна облачност изнесува 5,4 десетини, со максимум во јануари од 7,3, а минимум во август од 2,7 десетини. Просечно годишно има 105,5 облачни денови.

На територијата на општината просечно годишно паѓаат по 502,3 мм врнежи кои се нерамномерно распоредени во текот на годината.Најврнежливи месеци се мај и ноември со просечна количина од 22% од просечната годишна количина, а јули и август се најмалку врнежливи во годината и тоа со само 6% од просечната годишна количина на врнежи.

Врнежите со снег главно се ограничени само во зимските месеци и се јавуваат од ноември до март. Просечниот датум на првата снежна покривка во општината е 26 декември, а последниот 3 март. Траењето на периодот со снежен покривач изнесува 66 дена, а вистинскиот број на денови со снег е 14 дена.

Постојна социјална инфраструктура

Социјална инфраструктура 

Образование     Број

Предшколска   2

Основно            8

Средно              2

Високо               0

Здраство

Здраствени центри 1

Болница  0

Амбуланти 4

Клиники 0 

Аптеки 4

Водоводна мрежа 65%

Канализациона мрежа 65%

Енергетска мрежа 85%

Топловодна мрежа 40%

Гасоводна мрежа 10%

Комуникации 95%

Транспорт 100%

 

Сообраќајната инфраструктура

Сообраќајната инфраструктура во општина Кисела Вода генерално се состои од булеварот “11 Октомври” кој ја поврзува општината со централното градско подрачје, како и најголемата реконструирана улица “Првомајска” која минува низ центарот на општината и ја поврзува индустриската зона со градот. Постојат повеќе регионални патишта кои ја поврзуваат општината со другите соседни општини, како и многубројни станбени улици во урбанизираните населени места-населби и локални патишта во приградските населби на општината.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
kingroyal
kingroyal
betplay
holiganbet
betnano
betnano
betnano
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
hitit üniversitesi
Hititbet
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Hititbet news
holiganbet
marsbahis
milanobet
milanobet
milanobet
xslot
setrabet
xslot
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla İpek Kirpik
hititbet
hititbet
betgaranti
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betgaranti
artemisbet
artemisbet
betyap
norabahis
hititbet
Tuzla Cilt Bakım
betyap
norabahis
betyap
nesinecasino
nesinecasino
norabahis
norabahis
Hititbet
medusabahis
medusabahis
medusabahis
betyap
betyap
betmoon
betmoon
betyap
betyap
kingroyal
lunabet
lunabet
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
betpark
kingroyal
kingroyal
betpark
xslot
hititbet
solobet
xslot
betpark
betpark