Search
Close this search box.

Кисела Вода реконструира нови три улици и паркинг во Драчево

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во почетните градежни активности за реконструкција на неколку улици во населбата Драчево.

Во следните денови нов асфалт ќе добие улицата “Коперникова” и нејзиниот крак, како и кракот на улица “Иван Тургењев”. Едновремено ќе се асфалтира и паркингот на улица “Коперникова”. Се работи за градежен зафат во должина од околу 550 метри.

Продолжуваме со обновата на патната инфраструктура низ целата општина која досега опфати околу 45 км. Денес сме во населбата Драчево каде асфалтираме сообраќајници во должина од околу 550 метри кои со децении не биле реконструирани. Се работи за улицата “Коперникова” со нејзиниот крак, на паркингот кој е во близина, како и кракот на улица “Иван Тургењев”. Говорејќи за Драчево, ќе потсетам и на минатонеделните активности за реконструкција на улиците ,,Славчо Стојменски”, ,,Томе Стефановски” и како и крак на ,,Славка Динкова”. Сево ова е дел од моите силни заложби за унапредување на условите за живот на моите сограѓани кои десетици години се движеле по оштетени сообраќајници и се соочувале со немање слух за решение на нивните проблеми од страна на претходните раководства на Општина Кисела Вода. Ветувањето ќе го исполнам во целост. До крајот на мојот мандат во оваа општина нема да остане неасфалтирана улица-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top