Search
Close this search box.

Комитетот на совети при ЗЕЛС и ОБСЕ одржаа обука за советниците

Вчера во големата сала на општина Кисела Вода во организација на Комитетот на совети при ЗЕЛС во соработка со ОБСЕ се одржа обука за Процесот на децентрализација и принципи на демократско управување.

На обуката пред присутните се обрати Претседателот на совет на општина Кисела Вода Трајче Донев, Маја Лазарова Крстевска – програмски офицер во ОБСЕ и Рахим Муслиу – Државен инспектор за локална самоуправа. На обуката присутни беа дел од советниците од општина Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Зелениково.

Присутните советници на обуката беа запознаени со принципите на демократско управување, процесот на децентрализција, финансирање на единиците на локалната самоуправа, предностите на децентрализацијата, законска рамка за процесот на децентрализиација.

Покрај предавањето беше одржана и вежба во групи во која советниците одговараа на прашања,за  надлежностите на градоначалникот и за органите на општината.

Советниците изразија свои мислења и искуства за работата во советите. 

Споделете:

Scroll to Top