Конституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела Вода: На првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади

Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката за младите и отворањето нови работни места.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека овој Совет претставува значаен мост помеѓу локалната самоуправа, централната власт и деловниот сектор.

-Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање.

Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, од страна на заменик министерот за економија Марјан Ристески и од заменик директор на Агенцијата за вработување Весна Пешова, беше детално презентирана подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент е ставен на младите луѓе до 29 години, за чие вработување компаниите можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 250.000 денари.

Дополнително, мерката предвидува грантови од 160.000 до 220.000 денари за вработување на другите категории невработени лица, како и нов стимулативен бонус од 10% дополнителни средства за вработување на лица-повратници. Една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица.

На средбата своја презентација имаше и извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус, кој воедно е и член на Совет на стопанственици на Кисела Вода. Седиштето на оваа Комора од неодамна е лоцирано токму во општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода апелира до сите претпријатија да ги искористат овие одлични поволности за финансиска инјекција и развој на своите бизниси.

Детални информации работодавачите можат да добијат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
ultrabet
jojobet
jojobet
Betgaranti
kolaybet
kolaybet
Hititbet 2026
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betpark
Betgaranti 2026
casinolevant
betpark
betpark
betpark
betgaranti
kavbet
kavbet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kolaybet
grandpashabet
betgaranti
kolaybet
betpark
kolaybet
kolaybet
betgaranti
Betgaranti
casinolevant
casinolevant
casinolevant
casinolevant
betgaranti
Betgaranti
betgaranti
casinolevant
casinolevant
casinolevant
casinolevant
casinolevant
casinolevant
betpark
betgaranti
kolaybet
kolaybet
granpashabet
kolaybet
kolaybet
betgaranti
jojobet
kolaybet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
vaycasino