Search
Close this search box.

Концерт на Зуица Лазова вечерва во Паркот на бранителите

Во организација на општина Кисела Вода, вечерва, сабота, 01.08.2015, по повод големиот национален празник Илинден, во Паркот на бранителите во населбата Драчево, концерт ќе одржи Зуица Лазова. Љубителите на македонската народна музика, ќе имат можност да уживаат во нејзините најголеми хитови од 20:30 часот.

Концертот е дел од манифестацијата “Три круши” која се одржува по традиционален 10-ти пат, годинава со променета локација-во Паркот на бранителите, поради градежните активности кои во моментот се одвиваат во месноста Три круши, а имаат за цел изградба на водоводна мрежа и надминување на долгогодишниот проблем со слаб притисок на водата, што го имаа повеќе од 1000 жители на ова подрачје.

Општина Кисела Вода,  ги поканува сите свои жители и сите оние кои имаат желба заеднички да го прослават големиот празник Илинден, вечерва да дојдат во Паркот на бранителите и да бидат дел од концертот на Зуица Лазова. 

Споделете:

Scroll to Top