Search
Close this search box.

Концерт на Миле Кузмановски вечерва во Паркот на бранителите во населба Драчево

Вечерва, понеделник, 03.08.2015, со почеток во 20:30 часот, во Паркот на бранителите во населбата Драчево, концерт ќе одржи Миле Кузмановски. Љубителите на квалитетната македонска народна песна ќе можат да уживаат во целовечерниот концерт кој е во организација на општина Кисела Вода и е дел од Илинденското празнување.

 

Истиот е во рамките на јубилејното, 10то по ред издание на манифестацијата “Три круши”.

Општина Кисела Вода, ги поканува сите свои жители, но и сите останати граѓани да дојдат вечерва во паркот на бранителите и да уживаат во настапот на еден од најдобрите и најполуларните македонски интерпретатори на народни песни.

Споделете:

Scroll to Top