Кошаркарките на Бадел 1862 и Вардар одиграа натпревар за паметење

Во рамки на петтото кошаркарско коло на „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени, на 21.11.2026 година, бројната публика во општина Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“ имаше можност да проследи натпревар каков што ретко се гледа на спортските терени. Кошаркарките на „Бадел 1862“ на домашен терен,  во првото полувреме на натпреварот покажаа одлична игра, со убедливо водство над противничката екипа на „Вардар“, со резултатска разлика од 21 поен (43:22). Но, неизвесноста на натпреварот во второто полувреме  беше поголема поради моќната игра на „вардарки“, кои на крајот триумфираа над „баделки“ со резултат 74:63. Со оваа победа, екипата на „Вардар“ останува непоразена во лигата, додека „Бадел 1862“ го претрпе првиот пораз во првенството.

На натпреварот од екипата на „Вардар“ најмногу се истакна Јана Пислевска со 25 поени, четири скока и две асистенции, по неа Марија Николиќ оствари дабл-дабл учинок од 17 поени и дванаесет скока, дополнети со две асистенции, додека Мелиса Донмез придонесе со 10 поени и шест скока.

Од екипата на „Бадел 1862“, Марија Николов постигна 20 поени, имаше седум асистенции и три скока, Линдзи Клири реализираше 17 поени, со седум скока и пет освоени топки и Јована Петрушевска реализира 9 поени.

​„Честитки за двете екипи за прикажаната игра. Знаевме дека нè очекува тежок натпревар против квалитетен противник, кој до одигрувањето на овој натпревар немаше пораз. Бадел одлично го отвори натпреварот, ја искористи нашата недоволна концентрација и во првото полувреме имаше контрола на резултатот. Сепак, најважно е што не отстапивме од нашата игра и во второто полувреме покажавме сосема поинакво лице. Особено сум задоволен од реакцијата во одбраната, агресивноста и тимскиот пристап. Успеавме да ја преземеме контролата, да го промениме ритамот на натпреварот и да ја крунисаме добрата игра со победа. Ова е победа што има тежина, не само поради противникот и фактот дека беше дерби, туку и поради начинот на кој ја остваривме. Покажавме карактер, заедништво и верба во сопствените можности.“ – изјави Александар Ашаданов, тренер на женскиот кошаркарски клуб „Вардар“

„Овој натпревар беше голем предизвик за нас, можеби и еден од најинтересните натпревари оваа сезона. На полувремето имавме негатива од 21 поен, што претставуваше дополнителен предизвик. Сепак, не се откажавме до самиот крај. Со тимска игра, позитивна енергија, карактер и голема борбеност, успеавме да направиме целосен пресврт и да стигнеме до победата. Ваквите натпревари се многу важни за нашето искуство и напредок како тим. Најважно е да извлечеме поуки од овој натпревар и да продолжиме да работиме уште повеќе, за да бидеме подготвени за следните предизвици кои ни претстојат.“ – изјави Јана Пислевска, капитен на женскиот кошаркарски клуб „Вардар“ и најдобар стрелец на натпреварот

На дерби натпреварот судеше, судиската двојка Ивана Панов и Кристијан Кестев.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
ultrabet
jojobet
jojobet
Hititbet 2026
kavbet
kavbet
vaycasino
Betgaranti
vaycasino
bahsegel
onwin
vaycasino
ikimisli
Betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti mobil giriş
betgaranti
betpas
betpas
betpas