Манифестација во чест на книгата одржаа учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. Насловена „Книгата е нашиот живот“, ја реализираа секциите водени од тимот на наставници по македонски јазик и библиотекарот на училиштето.
Почесен гостин беше еден од најчитаните македонски автори, миленикот на младата читателска публика, Горјан Петревски, со кој младите ученици-новинари и литерати дискутираа, се информираа околу надминувањето на сите предизвици со кои тие се соочуваат при пишувањето.
Нивните прашања кон омилениот автор беа дел и од отворениот час во кој драмската секција одржа претстава „ Дискусија за читањето книги“. Дружењето продолжи со читање на личните творби од учениците од литературната секција, а најмладите се претставија и со музичка точка.