Управувањето со територијата на Општина Кисела Вода е организирано преку 14 месни заедници од кои 9 се урбани а 5 се рурални заедници. Ваквиот начин на организирање на локално ниво во Општината овозможува демократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси.
Во согласност со Статутот на Општината највисок орган на месните заедници е Советот избран од граѓаните. Тој е составен од 7 до 11 членови со мандат во времетраење од 4 години. За претседател се избира член од редовите на Советот на месната заедница.
Преку Советот граѓаните можат да даваат иницијативи и предлози кои се од јавен или локален интерес, до надлежните органи во општината.
Според Статутот граѓаните преку месната самоуправа се грижат за:
– решавање на прашања од комунална инфраструктура за соодветното подрачје;
– изградба и одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.);
– заштита на животната средина и природата;
– уредување и одржување на гробиштата во селските населби;
– покренување иницијатива за уредување на просторот;
– организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и
– други работи од непосредно секојдневно значење за животот и рабо-
тата на граѓаните.
М.З. “11 Октомври-бараки” Адреса: Ул. Петар Драпшин б.б. Претседател: Васил Тасевски Референт: Елизабета Тасевска тел. 071/391-176 |
М.З. “11 Октомври-тврда градба” Адреса: Ѓорѓи Сугаре б.б. Претседател: Зоран Зарев Референт: Роза Филиповска тел. 071/391-244 |
М.З. “Црниче” Адреса: Наум Охридски б.б. Претседател: Петре Стефановски Референт: Стојка Тасевска тел. 071/391-167 |
М.З. “Пржино” Адреса: Милан Михајловиќ б.б. Претседател: Владимир Сребров Референт: Сузана Крстевска тел.071/391-164 |
М.З. “Бирарија” Адреса: Томе Арсовски б.б Претседател: Александар Велески Референт: Каролина Сенкова тел. 071/391-174 |
М.З. “Цветан Димов” Адреса: Иван Козаров б.б. Претседател: Киро Гочевски Референт: Весна Димова тел. 071/391-170 |
М.З. “Кисела Вода” Адреса: Сава Ковачевиќ б.б. Претседател: Перица Трајковски Референт: Марија Захова тел. 071/391-177 |
М.З. “Усје” Претседател: Влатко Здравковски Референт: Гоце Димитровски тел. 071/391-204 |
М.З. “Пинтија” |
М.З. “Населба Драчево” |
М.З. “Село Драчево” Адреса: Драчевска б.б. Претседател: Борче Бабунски |
М.З. “Припор” Претседател:Стојан Здравевски тел. 070/295-542 |
М.З. “Подстаница” Претседател:Стојановски Ристо |
М.З. “Стаклара Камник” Претседател: Игор Митревски тел. 070/294-434 |
|