Почитувани сограѓани
Следејќи ја насоката за одговорна и стручна работа, како еден од своите стратешки приоритети, Општина Кисела Вода, направи нов чекор во транспарентното донесувањето на Урбанистичките планови, кој подразбира вклученост на граѓаните и стручната јавност.
Идејно урбанистичко – архитектонско решение за градската четврт Ј14 или, попозната кај нашите граѓани како ДУП Расадник, ќе се бира преку Меѓународен конкурс, кој од денес 12.07.2022 е јавно достапен на веб страната на Бирото за јавни набавки, како и на Линкот подолу.
За реализација на оваа цел, изработениот предлог-документ во минатите месеци, беше ставен на увид на целокупната јавност. Предлози, сугестии и забелешки можеа да даваат граѓаните, како и претставниците на трите најрелевантни стручно-научни столбови-Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Архитектонскиот факултет – Скопје при УКИМ, кои ја поздравија идејата и се вклучија во процесот на изработка на сеопфатен стручен текст кој ќе ги задоволи светските стандарди и критериуми.
Меѓународниот конкурс кој ќе биде отворен во наредните четири месеци, е сочинет од два дела и осум прилози. Првиот дел се програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, додека вториот дел е конкурсната документација и прилозите кон истата.
За сите евентуални дополнителни прашања може да се поставуваат и нае- маил адреса competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk
За резултатите ќе одлучува деветчлено жири во чиј состав се врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и претставници од Партиципативното тело.
За трите најдобри решенија се обезбедени парични награди.
Меѓународниот конкурс треба да донесе иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, кои пак, треба и мора да бидат императив во работата на секоја свесна и совесна локална самоуправа и се надеваме, предизвик за работа и професионален развој за сите домашни и меѓународни стручњаци од областа на архитектонско-урбанистичкото планирање.
Со почит,
Орце Ѓорѓиевски
Градоначалник на Општина Кисела Вода
Dear fellow citizens
Following the direction of responsible and professional work, as one of its strategic priorities, Kisela Voda Municipality took a new step in the transparent adoption of Urban Plans, which implies the involvement of citizens and the professional public.
Conceptual urban – architectural solution for the city quarter J14, or better known by our citizens as DUP Rasadnik, will be selected through an international competition, which as of today 12.07.2022 has been publicly submitted on the website of the Public Procurement Bureau, as well as on the link below.
For the realization of this goal, the draft document prepared in the past months was put for inspection by the entire public. Proposals, suggestions and remarks could be given by the citizens, as well as the representatives of the three most relevant professional and scientific pillars – The Chamber of Certified Architects and Certified Engineers, The Association of Architects of Macedonia and the Faculty of Architecture – Skopje at UKIM, who welcomed the idea and joined in the process of producing a comprehensive professional text that will meet world standards and criteria.
The international competition which will be opened in the next four months, consists of two parts and eight contributions. The first part is the program guidelines that should be a guideline for the participants of the International Competition for the development of the conceptual solution for Rasadnik, while the second part is the competition documentation and its attachments.
All possible additional questions, can be asked to an e-mail address
competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk
The results will be decided by a nine-member jury consisting of top international experts in the field of architecture and urban planning, representatives from the Faculty of Architecture in Skopje, The Chamber of Certified Architects and Engineers and The Association of Architects of Macedonia, as well as representatives from the Participatory Body.
Cash prizes are provided for the three best solutions.
The international competition should bring innovative solutions that will ensure quality, sustainable, humane, healthy living and environmental protection for the residents of Kisela Voda, which, in turn, should and must be imperative in the work of every conscious and conscientious local government and we hope, a challenge for work and professional development for all domestic and international experts in the field of architectural-urban planning.
With respect,
Orce Gjorgjievski
Mayor of the Municipality of Kisela Voda