Search
Close this search box.

Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури

Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани.

На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од урбаните и месните заедници на територија на општина Кисела Вода, на граѓаните им пружаат медицинска помош, совети, се делат шишиња со вода, а исто така и им се укажува помош на оние лица кои имаат потреба за носење до крајната дестинација. Екипите денес беа во населбите Расадник и Кисела Вода. Утрешниот ден е предвиден за посета на населбата и селото Драчево.

Ов е веќе традиционален проект кој Општина Кисела Вода преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита при општина Кисела го спроведува заедно со општинската организација на Црвениот Крст. Истиот ќе се одвива во периодот јули – август 2024 год и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници од овој дел на градот.

Споделете:

Scroll to Top