Search
Close this search box.

Новиот кинески амбасадор на средба со градоначалникот Беличанец-Алексиќ

Во официјална посета на општина Кисела Вода денеска присуствуваше неодамна именуваниот амбасадор на НР Кина,  Вен Џеншун.  Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ му посака добредојде, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници со кои и досега, оваа општина имаше одлична соработка.

 

 

Дискутирајќи за можностите на општината и предизвиците со кои се соочува, соговорниците се фокусираа на  изградбата на новото училиште во населбата Драчево, “ Рајко Жинзифов”, кое е целосна донација од НР Кина.

Анализирајќи ја динамиката на работа и двајцата изразија надеж дека на 1 септември, учениците од овој дел на градот ќе ја почнат учебната година во новиот објект, кој ќе биде урнек за сите други училишта во Скопје.

Споделете:

Scroll to Top