Search
Close this search box.

Нови 80 дрвца денес засадени во два парка во 11 Октомври Бараки

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес заедно со раководните лица од компанијата “Сетек”, Централна Кооперативна Банка и со претставници на фондацијата „Мартин Здравковски“, учествуваше во акција за пошумување на два парка во населбата 11 Октомври – Бараки. Беа засадени 80 високостеблести дрвја, дел како донација од “Сетек” и Централна Кооперативна Банка, а дел во соработка со фондацијата „Мартин Здравковски“, во спомен на прерано починатото дете од овој дел на општината, кое го носи тоа име и чии родители беа присутни на настанот.Дрвцата се поставени во новиот парк, како и во Паркот на шахот, двата во населбата 11 Октомври Бараки, со што овој дел од општината добива сосема нов лик, со повеќе можности за одмор и рекреација – Денешниот настан е уште еден сегмент од поширокиот план на Општина Кисела Вода, која во овие три и пол години веќе ги зголеми зелените површини за 80.000 м².

Како локална самоуправа вложуваме постојан труд за создавање поздраво, поубаво и поквалитетно секојдневие за сите наши сограѓани. Секое засадено дрвце е чекор поблиску до таа цел. Особено сум благодарен што фондацијата „Мартин Здравковски“ се вклучи во оваа иницијатива и на овој начин создадовме траен спомен на едно детско име, кој истовремено ќе придонесе за поздрава животна средина. Голема благодарност и до “Сетек” и “Централна Кооперативна Банка”, кои преку својата донација уште еднаш покажаа што значи вистинска општествена одговорност. Ова е пример како заедно можеме да ја направиме Кисела Вода уште позелена и поубава – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top