Образованието и културата се посебни сегменти, опфатени од општинската администрација со низа програмски проекти. Во општината егзистираат осум основни училишта:
ОУ | Телефон | Директор | Електронска пошта | Адреса |
Кирил Пејчиновиќ | 2776-643 | Борче Миревски | mirevski.b@gmail.com | ул.Сава Ковачевиќ 76 |
Невена Георгиева Дуња |
075580503 |
Хари Стојановски |
hari_koniv@yahoo.com ngeorgievadunja@gmail.com |
ул.Михаил Чаков 2 |
Партенија Зографски | 2770-719 | Стефче Василевски |
kontakt@pz.edu.mk stefce_vasilevski@yahoo.comm |
ул.Доситеј Обрадовиќ 18 |
Кузман Јосифовски-Питу |
3120-303 3165-365 |
Мишела Милеска Николовска | misela.nikolovska@yahoo.com | ул.Огњан Прица 2 |
Рајко Жинзифив | 2791-025 | Љубица Наумовска |
rajko_zinzifov@yahoo.com |
ул.Иван Хаџи Николов 2 |
Кузман Шапкарев |
2720-034 2793-002 |
Весна Настоска |
vesnanastoska@yahoo.com kuzmansapkarev@gmail.com |
ул.Антон Димитров 135 |
Св.Климент Охридски |
2791-065 2700-324 |
Татјана Бурник |
kliment_ohridski_d@yahoo.com |
Јустинијан Први 98 |
Круме Кепески |
2781-323 2777-500 |
Павлина Трипуновска |
p_tripunovska@hotmail.com kkepeski@macedonia.eu.org |
Сава Ковачевиќ 76 |
На територија на општината се наоѓа најголемото средно училиште во државата “Васил Антевски-Дрен” со правна и економска насока и капацитет од околу 1000 ученици. Покрај него постои и средното ветринарно училиште “Браќа Миладиновци”и средното теолошко училиште.
Во општината функционираат две детски градинки “8-ми Март” и “Весели Цветови” со вкупно 8 издвоени објекти.
Детскa градинкa “8-ми Март” www.jdg-8mart-skopje.org.mk
Детска градинка “Весели Цветови” http://www.veselicvetovi.mk
За воспитувањето и образованието на деца со посебни потреби од 7 до 15 години се грижи специјалното училиште “Др. Златен Сремец” , а за потребите на деца и младинци со оштетен вид, слух и посебни потреби се грижи Заводот за рехабилитација.
Во општината егзистираат неколку културни домови, аматерски театарски групи, музички здруженија и фолклорни друштва. До последната децентрализација во општината, двигател на фолклорот беше нашиот културен амбасадор ансамблот “Танец”. Негови наследници се фолклорните друштва “Зограф”, “Александар Македонски”, “Китка” и “Питу Гули”.