Search
Close this search box.

Обука за лидерство и менаџмент во воспитно-образовните институции денес одржана во општина Кисела Вода

“Современите аспекти на лидерството во образовните институции – генерациските разлики и подготвеноста за промени” беше темата на предавањето кое денес се одржа во Големата сала на општина Кисела Вода во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при оваа локална самоуправа.

 На обуката учество зедоа директори, стручни соработници и наставници од училиштата од овој дел на градот. Тие се едуцираа за предизвиците на менаџментот и лидерството во воспитно-образовните организации и современите аспекти на лидерството во воспитно-образовните организации. Предавањата кои се бесплатни, ги реализира професор д-р Константин Петковски.

Споделете:

Scroll to Top