Search
Close this search box.

Одбојкарски триумф на ,, Дуња“

Одбојкарките на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  ја одбранија шампионската титула.  Во исполнетата спортска сала ,,Независна Македонија“ , гледачите уживаа во возбудливото и квалитетно одбојкарско финале на плеј-офот во училишниот спор, чиј покровител е градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ.

 

 Натпреварот беше исполнет со многу емоции, навивање, добри смечеви, со по некоја солза за освоениот трофеј, или пак, за изгубената шанса да се биде општински шампион.  Почетокот наликуваше дека финалистите, одбојкарките на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ и ОУ ,,Св. Климент Охридски“, ќе се борат за секој поен, за секоја топка. Избраничките на тренерот Ристо Дарлев во првиот сет славеа со 25:10, и  како домаќини, потврдија дека се подготвени по третпат едноподруго да триумфираат во одбојкарската лига.

Во вториот сет, гостите од Драчево изненадија со добрата игра во одбраната и прецизните смечеви. Следуваше освоен сет на ОУ “Св. Климент Охридски”, за израмнување 1:1. Во одлучувачкиот трет сет, гледавме вистинска драма на теренот. Избраничките на тренерот Ирена Рикаловска поведоа со 3:1, за да по два успешни смеча на Петковска резултатот беше израмнет на 3:3. Подоцна и двете екипи освоија уште  по еден поен за второто,  последно израмнување во третиот сет.

Потоа се разиграа  двете најдобри одбојкарки во првенството, Тамара Тасевска и Христина Петковска, и на ОУ “Невена Георгиева Дуња” и го донесоа третиот последователен одбојкарски трофеј,  со што  општинскиот преоден  пехар останува во витрините на ,, Дуња“. Во малото финале, пак, во натпревар за третото место ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“ со 2:0, по сетови 25:21 и 26:24 славеше над ОУ ,,Партенија Зографски“. Пехарите, медалите и дипломите на најуспешните ги додели Горан Јањевиќ, актуелниот селектор на женската одбојкарска репрезентација на Македонија.

 

Конечни резултати и табела:

Плеј-оф – полуфинале

ОУ “Н.Г.Дуња” – ОУ “П.Зографски” 2:0 (25:15,25:20)

  ОУ “Св.К.Охридски” – О “.К.Пејчиновиќ” 2:0 (25:19, 25:20)

Плеј-оф финале

ОУ Н.Г.Дуња – ОУ Св.К.Охридски 2:1 (25:10,20:25,15:8)

Плеј –оф мало финале

ОУ”К.Пејчиновиќ” – ОУ “П.Зографски” 2:0 (25:21,26:24)

Конечна табела (сезона 2013/2014) :

  1. ОУ “Н.Г.Дуња”
  2. ОУ “Св.К.Охридски”
  3. ОУ “К.Пејчиновиќ”
  4. ОУ “П.Зографски”
  5. ОУ “К.Ј.Питу”
  6. ОУ “К.Кепески”
  7. ОУ “К.Шапкарев”
  8. ОУ “Р.Жинзифов”

Споделете:

Scroll to Top