„Да им дадеме пример на децата како да се однесуваат во сообраќајот“ беше насловена трибината одржана во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, општина Кисела Вода организирана од Републичкиот совет за безбедност на патиштата со поддршка од општина Кисела Вода.
Беше прочитана Детската декларација за зголемена безбедност на патиштата во Република Македонија во која се повикуваат сите надлежни и останати возрасни да им се придружат на децата во овој повик за акција за сигурност во сообраќајот.
На трибината во преполната сала пред присутните со обратија директорот на училиштето м-р Сашо Јованоски, Ристо Манчев – секретар на републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Љупчо Ставревски – виш полициски советник и доц.д-р Ѕвонко Јошевски професор на Техничкиот факултет во Битола .
Тие нагласија дека безбедноста на децата на патиштата пред се зависи од учесниците во сообраќајот, од возрасните и родителите кои ги воспитуваат децата и им даваат примери за однесување.
Целта на оваа трибина е „Нула деца жртви во сообраќајот “, унапредување на безбедноста на патиштата во која во најголем број жртви се децата.