Започна санацијата на Домот за култура “Билјана Беличанец”. Градежните активности за санирање на штетите настанати поради неодржување на објектот од страна на претходните општински власти, ќе се одвиваат во наредните неколку месеци.
Опфаќаат изолаторски работи, молеро-фарбарски активности во речиси целиот објект, кој беше темелно обновен во 2015-тата, но поради негрижа беше речиси сосема нефункционален.
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните дејствија и најави дека по нивното завршување ова здание ќе ја добие улогата која му била планирана, да биде културен центар на локално ниво, кој со сериозно избрана програма од областа на културата ќе ја привлече публиката од цело Скопје, па и пошироко.
Проектот се рализира во финансиско партнерство со Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа и’ додели на Општина Кисела Вода средства за санацијата.
-Започнавме со реализација на најавениот проект за санација на Домот за култура “Билјана Беличанец”, кој на почеток од мојот мандат го затекнав во крајно лоша состојба. Иако се работи за објект кој беше темелно обновен во 2015тата, и од руинирано старо кино прерасна во прекрасно здание, оваа убава визија никогаш не заживеа. Наспроти тоа, неколкугодишната негрижа од страна на моите претходници го довеле до степен да биде речиси сосема неупотреблив. Градежниот зафат кој го реализираме ќе трае неколку месеци, по што имаме сериозен план овој дом на културата и содржински да го добие вниманието што го заслужува. Планираме со квалитетна програма да ја привлечеме публиката и да го позиционираме ова место како иден центар на културните збиднувања во општина Кисела Вода, соседните општини па и во главниот град. Затоа, сакам да упатам благодарност кон Бирото за регионален развој, преку кое остваривме финасико партнерство со Министерството за локална самоуправа и ја овозможивме реалицијат на овој проект за санција, како прв чекор кон заживување на Домот на култура “Билјана Беличанец”-изјави градоначаникот Орце Ѓорѓиевски.