Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода новогодишно украсена

Општина Кисела Вода заблеска во новогодишен сјај. Украсени се поголемите улици, сообраќајниците, со новогодишни реквизити се накитени и парковите…

 

Новогодишниот амбиент може да се почувствува уште од самиот влез во општината, од булеварот “Борис Трајковски”, кај стара рампа па се до до крстосницата со улицата “Народни Херои”.

Со светлосни реквизити е декориран паркот спроти општинските бараки, каде е поставена и 10-метарската новогодишна елка, како и омиленото катче за игра на децата од Кисела Вода, детското игралиште во форма на замок, кое сега е уште повпечатливо.

Новогодишниот сјај ги навестува празничните денови и на почетокот на ул. “Огњан Прица”, се до спојот со ул. “Димо Хаџи Димов”, како и  на скверот околу околу црквата “Св. Петка”. Новогодишните реквизити им дадоа атрактивен лик и на парковите “Шопен”, “Македонија” и “Паркот на Бранителите” во населба Драчево.

Украсени се и влезовите на населбите Драчево и Пинтија.

За новогодишното разубавување на овој дел од градот, oпштина Кисела Вода од својот буџет издвои 1 994 000 денари. Декорирањето и украсувањето го изведе фирмата “Линк Медиа Плус” од Скопје.

Споделете:

Scroll to Top