Search
Close this search box.

Отворени денови на Агенцијата за вработување во Кисела Вода

Денес, во просториите на општина Кисела Вода, во организација на оваа локална самоуправа во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центарот за вработување и Министерството за труд и социјална политика се одржа информативна средба со невработените лица и работодавачите од овој дел на градот.

 

Тимовите од гореспоменатите институции  промовираа мерки за зајакнување на капацитетите на фирмите со цел да се зајакне соработката меѓу локалните бизниси и институциите. Воедно, на невработените лица им беа презентирани достапните мерки и поволности кои би им помогнале да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

 

Споделете:

Scroll to Top