Поставени подземни контејнери во општина Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи денес, во населбата Драчево, го пуштија во употреба системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Кисела Вода.

 Ова е една од трите локации во овој дел од градот на кои се поставени вакви современи решенија за одложување на отпадот и се директна инвестиција во постигнување на поголема хигиена и создавање на почиста животна средина.

 -Овие се првите подземни контејнери кои ќе денес бидат ставени во употреба, на три локации во општина Кисела Вода. Една од локациите е овде, во населбата Драчево. Оваа акција ја правиме со заеднички вложувања на општина Кисела Вода, на градот Скопје и на ЈП “Комунална Хигиена”.  Сите вклучени субјекти дадоа по 2.2 милиони денари или вкупно 6.6 милиони денари за поставувањето на  подземните контејнери на трите локации.

На секоја од локациите има по три подземни контејнери со подземен систем. Практично, контејнерите се под земја, додека  горниот дел на површината останува слободен. Предноста е во тоа што отпадот е долу во контејнерите, каде во летниот период температурите се пониски во однос на надворешната температура, па тоа значи помалку лоши миризби. Оневозможување на лошата мирзба дополнително дава горната платформа, под која се наоѓаат контејнерите, а воедно, подобар е и изгледот на околината во која се фрла отпадот.  Ги нема оние грди слики кои настануваат кога луѓето освен во, отпадот го оставаат и покрај контејнерите. Ова е еден европски систем кој е докажан, и е еден од подобрите системи. За неговото функционирање оспособени се неколку возила од јавното комунално претпријатие. Функционираат така што платформата се подигнува на хидрауличен начин за да се испразнат контејнерите и потоа се спушта за понатаму да стојат се до следното празнење од страна на камионот. Многу ми е драго што имаме добра соработка со градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ. Благодарение на таа соработка се реализира и овој и многу други заеднички проекти. Ваков систем , покрај на трите локации во општина Кисела Вода, веќе има на 14 локации во Центар, на две во Чаир, на три во Аеродром и останува оваа година да ги завршиме трите локации во општина Гази Баба. Нема тука да запреме. Се надевам дека повторно ќе имаме разбирање од градоначалниците на општините во градот Скопје, па со заеднички сили да продолжиме да го реализираме овој проект и со тоа да допринесеме и за подобра животна средина и за еден подобар изглед на општините и на градот Скопје-истакна градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.

Градоначалникот на општина Кисела вода Билјана Беличанец-Алексиќ, изразувајќи ја својата благодарност за соработката, назначи дека во оваа општина веќе се избрани и нови локации за поставување на подземни контејнери.

-Драго ми е што денес го заокружуваме овој проект на кој се рабтеше во изминатиот период и со тоа, доколку досега имаше скептицизам во однос на подземните контејнери и дали и општина Кисела Вода ќе влезе во проектот, денеска практично сведочиме на свечено пуштање во употреба на контејнерите на една од трите локации. Во општина Кисела Вода засега има вкупно три локации, ги распределивме така да може повеќе места граѓаните на Кисела Вода да го почувствуваат бенефитот на ваквите подземни контејнери. Заинтересирани сме за продолжување на овој проект и веќе имаме таргетирано три наредни локации. Како што спомена градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, и општина Кисела Вода зеде свое финансиско учество во проектот, во висина од 2 милиони и 200 000 денари, средства кои се директен придонес во решавањето на овој глобален проблем-загадувањето на животната средина. И ако досега во западноевропските метрополи ги гледавме, од денес подземните контејнери веќе и во општина Кисела Вода се реалност. Би сакала во овој момент да апелирам до граѓаните за нивно совесно однесување и искористување на предностите што ги нуди ова современо решение. Селекцијата на отпадот и неговото правилно одлагање, значи вложување во подобра и поздрава животна средина за самите нив- изјави градоначалникот на општина Кисела вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

Заблагодарувајќи се за поддршката на двата градоначалника, директорот на ЈП Комунална хигиена Ракип Дочи ги предочи предностите на ваквиот систем за одлагање на отпадот.

-Сакам да нагласам дека продолжуваме со овој проект, со цел воведување на нови технологии  во системот на управување со отпадот, во насока на разубавување на животната средина. Овој систем има неколку позитивни страни. Отпадот не се гледа,а оневозможено им е и на неформалните собирачи да влезат и да растурат околу контејнерите. Инаку овие 3 контејнери овде, заменуваат 9 класични контејнери, значи собираат околу 9 кубни метри отпад-објасни директорот Дочи.

Споделете:

Scroll to Top
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
hititbet
hititbet
betnano
Sosyal Medya Yönetim
hititbet giriş
hititbet
betnano
hititbet
hititbet
meritbet
bets10
meritbet
bets10
betnano
bets10
bets10
betnano
betnano
atlasbet
atlasbet
betnano
betgaranti
betgaranti
betpark
betgaranti güncel giriş
betgaranti güncel
betgaranti güncel giriş
betgaranti
betgaranti güncel giriş
betgaranti giriş
betgaranti giriş
hititbet
betpark
betnano
betnano
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
kolaybet
kolaybet
hitbet
hitbet
betkom
betkom
grandpashabet
betgaranti giriş
hititbet
hititbet giriş
hititbet
betgaranti giriş
betgaranti
betgaranti güncel giriş
xslot
xslot
xslot
xslot