Search
Close this search box.

Презентација за јавно говорење на м-р Ирена Мишева пред советниците од општина Кисела Вода

Јавното говорење како вештина, каде подготвеноста и ставот се видливи во првиот момент и каде клучна улога има интеракцијата со публиката, беше тема на денашната презентација на претседателот на советот на град Скопје, м-р Ирена Мишева пред советниците од општина Кисела Вода.

 

Во Големата сала на општината, се дискутираше околу вештините на јавно говорење и презентирање , со посебен акцент врз потребата од подготовка, како и техниките и правилата на успешно комуницирање .

Самодоверба, самоевалуација, развивање на визуелно мислење, уметност на реториката, опуштање, автосугестија се само дел од техниките и правилата кои водат кон успешно комуницирање-истакна Мишева пред присутните советници кои преку прашања и конкретни примери зедоа учество во дискусијата.

Оваа презентација е дел од годишната програма за еднакви можности која се спорведува во соработка со Собранието на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, како и македонското  женско лоби.

Споделете:

Scroll to Top