Search
Close this search box.

Профил на општината

Според Законот за новата територијална поделба на Република Македонија донесен во август 2004 година границите на Општина Кисела Вода значително се променија. Според оваа територијална организација Општина Кисела Вода зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општината Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината за потребите на населението функционираат 13 месни заедници. Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top