Search
Close this search box.

Реконструкција на улица “Локов” и проширување на паркинг просторот

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата Локов во Кисела Вода, каде финализира реконструкцијата на оваа сообраќајница заедно со нејзините краци, а се изврши и реконструкција и проширување на паркинг просторот. Дополнително, изведена е и нова пешачка патека која ги спојува улиците Локов и Димо Хаџи Димов, со што се скратува патната комуникација на жителите од овој дел од населбата. 

 

Ова е првиот од инфраструктурните проекти кои ќе бидат промовирани во рамки на роденденската седмица на општината.

-Со големо задоволство го започнуваме целонеделното промовирање на инфраструктурните проекти во општина Кисела Вода по повод одбележувањето на нејзиниот 68-ми роденден. Денес сме на улица ,,Локов”, каде финализира реконструкцијaта на целата улица, заедно со нејзините краци. Капиталноста на овој проект се огледува во тоа што се работи за една од пофреквентните сообраќајници во централното подрачје на Кисела Вода, на која има и градинка и која беше санирана пред само неколку години, но многу скоро потоа се  појавија огромни оштетувања кои го отежнуваа пешачкиот и моторниот сообраќај. Во зафатот што го презедовме беше опфатена целосна промена на коловозот на површина од околу 1600 квадратни метри, но и на двата паркинзи кои не се обновени повеќе од 25 години.

Дополнително, изведовме и нова пешачка патека која ги спојува улиците “Локов” и “Димо Хаџи Димов”, со што се скратува патната комуникација на жителите од овој дел од населбата. Ја средивме и се уште ја доуредуваме вегетацијата и нараснатите гранки кои го отежнуваа сообраќајот-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, додавајќи дека инфраструктурните настани ќе продолжат, но исто така, неделава, во четврток, кога Општина Кисела Вода го одбележува својот 68-ми роденден, ќе има заокружување и на настаните поврзани со културно-забавниот живот.

 Инаку викендов завршија трите фестивалски денови од културното лето на кое имавме низа квалитетни изведувачи на две локации. Финалниот настан одржан во Расадник, во саботата, концертот на Петар Грашо го проследија над 30 000 посетители или во трите вечери имавме публика од околу 50 000 луѓе. Пред нас е уште еден музички настан, во четврток, кога во знак на прослава на роденденот на сцената во Расадник ќе ги имаме најпрво ДЈ Мац како загревање, а потоа и Нокаут кои ќе одржат голем концерт. А дотогаш, следат уште многу инфраструктурни комунални проекти за кои редовно ќе известуваме. Несомнено, има зошто се одлучивме годинава програмата да ја потпишеме со слоганот 68 години- бескрајна приказна која станува се’ подобра-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top