Search
Close this search box.

Се крпат ударните дупки низ општина Кисела Вода

Започна акција за крпење на ударни дупки на територија на општина Кисела Вода. Активностите отпочнаа во населбата Драчево, каде е планирано е да бидат опфатени улиците: “Киро Фетак”, “Антон Димитров”, “Иван Хаџи Николов”, “Бранко Заревски”, “Скендербег Кастриот”, ‘Жифко Фирфов”, “Славка Динкова”, “Таки Даскалот”, “Малешевска”, “Методија Патчев”.

 Изведувач на работите е фирмата “Изолација” ДОО  Скопје, чии екипи треба да ги завршат активностите за околу 10 дена. Следната локација на која ќе се крпат ударните дупки е селото Драчево, по што ќе се работи и во останатите месни и урбани заедници низ целата општина каде е утврдена потреба од ваков градежен зафат.

Споделете:

Scroll to Top