Во организација на општина Кисела Вода и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, во паркот Шопен денес се одржа традиционална хуманитарна коријада.
Пензионерите од Кисела Вода со своите вештини во правењето на бели пецива се претставија пред големиот број на граѓани кои со задоволство купуваа од нивните домашно подготвени традиционални производи. Собраните средствата од продажбата на белите пецива, се наменети за социјално – загрозени лица од општината. Коријадата која традиционално се организира во паркот Шопен беше збогатена со културно – уметничка програма, со многу песни и ора.
Во исто време, на истата локација докторски тим од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, вршеше бесплатни прегледи и даваше бесплатни лекарски совети.
Ова е уште една од низата активности по повод одбележувањето на Денот на општината, кои општина Кисела Вода ги започна вчера со доделување на ваучери за своите најнови жители и со свечено отворање на нов современ Дом на Култура. Денес општина Кисела Вода им додели награди на своите најуспешни ученици.
Одбележувањето на 61 – година од постоењето на општина Кисела Вода, со бројни активности ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.