Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и четвртата пленарна седница на 05.06.2023 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма (КА) културни манифестации и творештво – капитални расходи за 2023 година;
2.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2023 година;
3.Предлог-Развојна Програма НАА- Основно образование ( капитални расходи) Изградба на објект – затворено спортско игралиште во ООУ „ Рајко Жинзифов“ Пинтија – Општина Кисела Вода за 2023-2024 година;
4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( ВA) – предучилишно воспитување за 2023 година;
5.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата (Ј) – Комунални дејности за 2023година;
6. Предлог-Одлука за измена и дополна на Одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Мите Костов Папули;
7.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
8.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;
9.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.