Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи триесеттата пленарна седница 15.11.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 28-та пленарна седница
- Стратегија за млади на Општина Кисела Вода 2024 – 2028 година со Акциски план 2024 – 2025 година;
- Социјален план на Општина Кисела Вода 2023 – 2027 година;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода;
- Предлог – Развојна програма ЈГГ – Изградба, реконструкција и одржување на водоснабнителни системи во нас.Драчево, с.Драчево, Бирарија, Црниче, Пржино, Цветан Димов, 11 Октомври бараки и Кисела Вода – 2024 година- 2026 година;
- Предлог – Развојна програма ЈДВ – Реконструкција на улиците во нас.Каменик 2024 година- 2026 година;
- Предлог – Развојна програма ЈДГ – Изградба и реконструкција на улици во нас.Расадник, Цветан Димов, Бирарија, Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
- Предлог – Развојна програма ЈДЃ – Изградба на потпорни ѕидови на територија на Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
- Предлог – Развојна програма ЈДД – Реконструкција на коловоз и изградба на тротоари на ул.Ѓорѓи Димитров 2024 година- 2026 година;
- Предлог – Развојна програма ЈДЕ – Изградба на пешачка патека во с.Драчево м.в. Покрсти (втора фаза) 2024 година- 2026 година;
10. Предлог – Развојна програма РАБ – Изградба, реконструкција и одржување на зелени површини 2024 година- 2026 година;
11. Предлог – Развојна програма РАА – Изградба, реконструкција и одржување на хидранстка мрежа, фонтани, чешми за питка вода и пумпни станици 2024 година- 2026 година;
12. Предлог – Развојна програма Р1В – Купување и поставување на мерна страница за амбиентален воздух на територија на Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
13. Предлог – Развојна програма Р1Б – Изградба на пешачка патека и уредување на коритото на р.Мала Рада 2024 година- 2026 година;
14. Предлог – Развојна програма Р1А – Изградба на пешачка патека и уредување на коритото на Црниот канал во должина од 3,5км 2024 година- 2026 година;
15. Предлог – Развојна програма ЈНБ -Изградба на детски и спортски игралишта во нас.Драчево, с.Драчево, нас.Градинар, нас.Пинтија, нас.Расадник, нас.Кисела Вода, нас.Каменик и поставување на урбана опрема во дворовите на детските градинки и основните училишта во Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
16. Предлог – Развојна програма ЈИГ- Фекалан канализација нас.Каменик 2024 година- 2026 година;
17. Предлог – Развојна програма ЈЕВ -Изградба и реконструкција на паркинг простор на територија на Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
18. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.