Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и четвртата пленарна седница на 23.01.2024 година (вторник) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 32-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 33-та пленарна седниц
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;
- Предлог – Програма за измена и дополна на Програма (надлежност – Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Предлог измена и дополна на Развојна програма – Програма од надлежност ЈАА – изградба на јавно осветлување на територија на Општина Кисела Вода за 2024 – 2026 година;
- Предлог измена и дополна на Развојна програма – Програма од надлежност ЈНБ – изградба на детски и спортски игралишта и урбана опрема на територија на Општина Кисела Вода за 2024 – 2026 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програма (Ј) комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма (КА) културни манифестации и творештво – капитални расходи за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2024 година;
- Предлог – Одлука за ставање вон сила на Развојна програма, Програма НАА – основно образование (капитални расходи) изградба на објект – ЗАТВОРЕНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“, н.ПИНТИЈА – Општина Кисела Вода за 2023-2025 година
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2024 година;
10. Предлог – Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2024 година;
11. Предлог – Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за јавните детски градинки на територија на Општина Кисела Вода за 2024 година;
12. Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката на давање на користење на термини во јавната установа „Дом на култура Билјана Беличанец” Општина Кисела Вода – Скопје – Скопје;
13. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.