Советот на Oпштина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и седмата пленарна седница на 14.03.2024 година (четврток) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
– Усвојување на Записникот од 36-та пленарна седница
1.Годишен извештај за работата на Полициска станица од Општа надлежност ,,Драчево“ за 2023 година;
2.Годишен извештај на Oпштина Кисела Вода за 2023 година, со:
-Завршна сметка на Буџетот на Oпштина Кисела Вода за 2023 година;
-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната сметка на Oпштина Кисела Вода за 2023 година;
-Извештај за реализација на блок дотации на Oпштина Кисела Вода во 2023 година;
-Извештај од одговорниот сметководител за точноста и веродостојноста на годишната сметка на Oпштина Кисела Вода за 2023 година;
-Годишен извештај за користење на средства од резервите на Oпштина Кисела Вода во 2023 година;
3.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7