Со прекрасна забава наменета за целото семејство, а пред се за децата, започна денешното одбележување на роденденскиот ден на Општина Кисела Вода. Во паркот Македонија одекнуваше музика, со голема радост децата си играа на поставените трамболини, а присутните ги забавуваа аниматори и кловнови. Настанот го отворија “Данса Латина Стефи”, по што следеше интерактивна музичко-драмска претстава од популарните “Триангл”. Настапија и од децата од градинките и училиштата во општината, а за сето време, се одвиваат семејни спортски активности. Бесплатно беше достапна фото кабина за сите посетители, па од настанот сите си понесоа фотографија за спомен.
![](https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/4-1024x683.jpg)
-Среќата и радоста на овие дечиња кои денеска со своите родители прекрасно си поминаа на настанот посветен токму за нив во паркот ,,Македонија”, говори за тоа дека сме на правиот пат.
![](https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/6-1024x683.jpg)
Со многу музика, аниматори, забавувачи, игра – нашите најмлади жители ни покажаа дека детската радост и енергија се неисцрпни кај нив и дека ваквите дружења кои недостигаа во минатото, мора да се случуваат сѐ почесто. Токму тоа и го правиме. За нив, нашите најмили и нашата иднина. А вечерва, следува големиот концерт на ,,Суперхикс” кои ќе приредат уште една вечер за паметење. Ве поканувам сите, нека вечерва Кисела Вода повторно биде центарот на Скопје и Македонија! Се гледаме на истото место, пред салата Расадник-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
![](https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/5-1024x683.jpg)