Search
Close this search box.

Физичари од општина Кисела Вода на “Денови на електротехниката”

Општина Кисела Вода по трет пат, со ученици од основните училишта од општината, учествува на манифестацијата  “Денови на електротехниката” во СЕТУ на ГС “Михајло Пупин”.  Оваа година од општината учествуваат седум основни училишта, со вкупно 24 ученика од осмо одделение и седум наставници-ментори по предметот физика. Учесниците се натпреваруваат по предметот физика за осмо одделенеие, во делот за Електротехника.

 Со оваа манифестација се придонесува во подигнување на квалитетот на наставата и квалификациите на учениците, како и нивна подобра подготвеност во процесот на работа и справување со професионалните предизвици. Покровител на случувањето е ЕВН Македонија, а спонзор, АРЦЕЛОР МИТТАЛ. 

Во рамките на овогодинешните Денови на електротехниката, ЕВН Македонија организира еднодневна посета на ХЕЦ Матка, на која учесниците ќе добијат уникатна можност одблизу да видат како и денес успешно функционира овој електроенергетски објект, кој е од историско значење за Македонија.

Манифестацијата започна  денес,  21.05.2014, со натпревар по физика. Посетата на ХЕЦ Матка е закажна за утрешниот ден кога и бидат соопштени резултатите од натпреварот , додека на 23.05.2014г. е финалниот натпревар меѓу училиштатa кои ги имаат освоено првите 3 места, како и доделувањето на награди за победниците и сертификати за учество на менторите од основните училишта.

Споделете:

Scroll to Top