Search
Close this search box.

Хуманитарна акција” Да подадеме рака” во општина Кисела Вода

Од 10 часот изутрината, вратите на Големата сала на општина Кисела Вода и на сите месни заедници во општината се отворени за помош на загрозените семејства од поплавите што ги погодија жителите на Србија и Босна и Херцеговина. 

Хуманите граѓани масовно доаѓаат и донираат облека, флаширана вода, храна за бебиња, дезинфекциски средства и средства за лична хигиена, ќебиња и сето она што може да им помогне на жителите на Србија и Босна и Херцеговина кои претрпеа огромни штети од поплавите.

На лична заложба на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, направен е договор со повеќе  компании кои делуваат на подрачјето на општина Кисела Вода за нивно вклучување во акцијата и помошта од нив веќе пристигнува. ЗДРАВЈЕ РАДОВО донираше 120 литри сокови, БТА КОМПАНИ донираше 6 пакети со облека, донираше и БАТО ДИВАЈН и тоа 250 kg брашно, 10 пакети минерална вода, голема количина на средства за лична хигиена, од групацита НАТУРА пристигнаа 310kg јаболка,а се очекува да пристигнат и донациите од другите компании.

Хуманитарната акција “Да подадеме рака” во Големата сала на општина Кисела Вода и во сите месни заедници на општината продолжува се до 18 часот. 

Споделете:

Scroll to Top