Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Божикна пештера на плоштадот Македонија и Бадникови поворки во чест на Христовото раѓање

Од денес, на плоштадот Македонија е поставена Божикна пештера – уметничко дело кое ги обединува традицијата, верата и уметноста. Пештерата, претставува автентична подготовка за празникот на Христовото раѓање е изработена по идеја на Ангел Мицевски, додека реализацијата е дело на познатиот вајар, г. Зоран Тошески. Помагатели на овој проект кој е вовед во манифестацијата ”Божикни поворки” се градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

– Слава Му на Бога! Огромна е мојата чест што заедно со нашиот премиер Христијан Мицкоски, сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки и на најубавата и најимпозантна Божикна пештера во регионот! Од оваа вечер, сите посетители кои во текот на целиот месец ќе поминуваат на плоштадот Македонија, ќе имаат можност да уживаат во прекрасната глетка, но и да застанат, да се задлабочат и да размислуваат за тој Божиќен настан кој ја промени историјата на човештвото. Нека се среќни и бериќетни претстојните празници и нека мирот Христов, биде постојано во вашето срце-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top