Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со делегација од Општина Кисела Вода положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје по повод 153-годишнината од неговото раѓање.
-Вечна ти слава, Гоце МАКЕДОНЕЦУ! Како пример на своето време, преку својата визија и храброст, Гоце Делчев ни го остави своето дело, својата визија и патоказот кон силна и обединета #Македонија. Испречени пред неправдите, пред обидот за негирање на македонскиот бит, со гордост се поклонуваме пред нашиот и само наш, македонски херој! Борбата на Гоце продолжува. Опстанокот на вистината за Македонецот мора да остане жив.
![](https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-1024x698.jpg)
Тоа е наш завет, аманетот на оваа и сите следни генерации!
Гоце е Македонија и за тоа нема никаков компромис! Да живее Република Македонија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
![](https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-1024x715.jpg)