​Ѓорѓиевски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и нашата историја

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од настан по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, што се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Пред присутните директори, наставници, советници, ученици и еминентни гости, градоначалникот Ѓорѓиевски упати силна порака за значењето на македонскиот јазик како темел на нашиот културен и национален идентитет и за суштинската важност на оваа годишнина.-Денес сме тука не само да одбележиме еден датум од нашата историја, туку уште еднаш да се потсетиме кои сме. Да се поклониме пред вредноста што нè одржува и нè поврзува низ генерациите – нашиот македонски јазик. Македонскиот јазик постоел многу пред неговата кодификација, но без стандардизирана норма. Живеел во секојдневието на народот, низ говорот, песните, преданијата, народните мудрости… Со неговата кодификација, на 5 мај 1945 година, тој доби официјална систематизација на јазичните правила и закони, како и пропишување задолжителна јазична норма. Тоа беше историски чин со кој му се призна достоинството на еден јазик, и со тоа – на еден народ, македонскиот. Со таа кодификација, македонскиот јазик доби темел врз кој потоа се изградија денешната книжевност, образование, науката, медиумите и културата во целост-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање. Во рамки на настанот, тој истакна и една значајна иницијатива чие спроведување започнува во претстојниот период, доделување на примероци од „Правописот на македонскиот литературен јазик“ на сите основни училишта.- Особено ми е драго што периодов, реализираме една симболична, но исклучително значајна акција – на нашите основни училишта им се доделуваат примероци од правописот на македонскиот литературен јазик, со што не само што го збогатуваме библиотечниот фонд, туку уште поважно – го јакнеме духот на почит кон јазикот што е темел на нашиот идентитет. Оваа акција следува откако во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ беа откриени неискористени примероци од ова значајно издание, кои со години не биле дистрибуирани и чувани во несоодветни услови, иако биле наменети токму за институции како вашите. Тие во текот на следните денови ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта и конечно добиваат вредно и заслужено место – во училишните библиотеки, каде што ќе им служат на наставниците и на вас, драги ученици, како водич и потсетник за важноста на нашиот јазик. За донацијата на прaвописите, сакам да упатам голема благодарност до директорот на Националната и универзитетска библиотека, г-дин Јовица Никчевски, со кого заеднички, преку ЗЕЛС, ја реализираме оваа акција на ниво на сите општини-истакна Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
imajbet
betpark giriş
vdcasino giriş
katlabet
katlabet
norabahis
norabahis
betpark
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino giriş
betorder giriş
milanobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
milanobet
milanobet
meritking
mrking
norabahis
norabahis
betpark
vaycasino
vaycasino
milanobet
milanobet giriş
betorder
milanobet
milanobet giriş
crastosroyalbet
cratosroyalbet
cratosroyalbet