Search
Close this search box.

Јавен повик до уметниците и културните работници

Почитувани уметници, културни работници, соработници, здруженија од областа на културата и уметноста,

Сакаме да го слушнеме вашето мислење!

Општина Кисела Вода е во фаза на изготвување на Стратегија за развој на културата како долгорочна активност во нејзината реализација, започнувајќи од 2023 година.

 

Ве покануваме сите кои сте заинтересирани да ни доставите предлози, размислувања и сугестии на следната мејл адреса kultura23@kiselavoda.gov.mk

Остануваме отворени за сите идеи, за средби и дополнителни консултации, со цел да го поставиме основниот документ.

Во текот на ноември е предвидена  презентација на предлог стратегија во Домот за Култура „Билјана Беличанец“ за што дополнително ќе објавиме повик.

Споделете:

Scroll to Top