Search
Close this search box.

Јавна трибина на тема “Насилство врз децата” во општина Кисела Вода

 Денеска, среда, 28.05., со почеток во 13 часот и 30 минути во просториите на управата на ЈДГ ”8-ми Март” во општина Кисела Вода, се одржа презентација  на тема׃ ”Насилство врз децата” .

 Тематската презентација беше организирана од страна на општина Кисела Вода и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Кисела Вода во соработка со  Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности на жените и мажите при  Министерството за труд и социјална политика, Лилјана Затуроска, пратеник во Парламентот на Р.М. и Снежана Кливановска, директор на  ЈДГ ”8-ми Март”.

 По отворањето на настанот од страна на директорката Кливановска и претставување на присутните гости, пратеничката Затуроска ја започна својата презентација на тема ”Насилство врз децата”, во која ги истакна дефинициите на терминот насилство, класификацијата на видовите на насилство со кои се среќаваме, причините кои доведуваат до појавата на истото и најтешките долготрајни последици.

Пратеничката Затуровска ја истакна и цврстата определеност на Владата на Р.М., преку постојано надградување  и проширување на законските прописи, изнаоѓањето на решение за овој проблем да го става како врвен приоритет. Во континуитет се превземаат низа мерки околу сузбивање и превенирање на насилстваото врз децата-истакна таа во своето обраќање.

 

 

 На оваа работилница беше отворена широка дискусија  за проблемите кои се поставени пред нас, како општество, со напомена за постојаниот труд во напорите за решавање на истите проблеми, со помош на законската регулатива и вмрежување на сите релевантни фактори и институции.  Секоја дискусија  претставува основа  за изработка на законодавство,бидејки законите се прават и произлегуваат од реалните проблеми, засновани врз докази за  да можат да се креираат  јавните  политики и активности за спречување на насилство , како и да можат да се изградат стратегии, со цел да се обезбеди постојано следење и оценување на резултатите и ефектите-заклучено од страна на присутните учесници во трибината.

 Извлечените заклучоци и дадени предлози кои излегоа од оваа средба, како брошура ќе бидат доставени до организаторот на овој проект-македонското женско лоби, за  во иднина да се искористат во насока на креирање стратегии и политики околу превенирање, сузбивање и ефикасно делување во полето на насилството врз децата.

Споделете:

Scroll to Top