Search
Close this search box.

Академија ФМП заврши на второто место на државното првенство

​Синоќа во рамки на фајнал фор турнирот во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарските екипи Академија ФМП од Кисела Вода и Работнички од Центар одиграа финален натпревар во младинска конкуренција (М20).

На овој натпревар екипата на Работнички издвојува победа над Академија ФМП со резултат 84-76.

Младинците од КК Работнички се новите шампиони на Македонија, додека на второто место завршија кошаркарите на Академија ФМП од Кисела Вода. За најкорисен играч беше прогласен Виктор Ефремовски, кошаркар на Работнички.

Пехарот на победничката екипа и го додели градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

Споделете:

Scroll to Top