Search
Close this search box.

Во Кисела Вода поставено ново спомен-обележје на Цветан Димов

​Денес, во општина Кисела Вода свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое постоеше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања.

По барање на жителите, Општината изработи нова биста, со што на овој голем херој му се оддава заслужено признание, а историската меморија добива повидливо и достојно место.-Нашите херои не се само имиња во учебниците, тие се сведоци на историјата, втемелени во нашата слобода и иднина. Со новата биста на Цветан Димов, поставена на ова видно место, и соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создававме услови многу повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна. Историјата е најсилна кога е пред очите на граѓаните, а нашата задача е да ја зачуваме и пренесеме на генерациите што доаѓаат-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top