Викендов кој доаѓа, на теренот во спортската сала „Независна Македонија“, во општина Кисела Вода ќе се одиграат три натпревари, два одбојкарски и еден кошаркарски.
На 28.11.2026 година, во рамки на натпреварување од Втора лига – жени, со почеток од 17:00 часот на теренот за победа ќе се борат женските одбојкарски клубови „Јанта Волеј“ и „Шкендија“. Истиот ден, малку подоцна, поточно од 20:00 часот на натпревар од Првата одбојкарска лига, ќе играат „Фламинго“ и „Јанта Волеј“.
Наредниот ден, на 29.11.2026 година, на прволигашки кошаркарски натпревар, силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на клубовите „Ангели“ и „Борец Баскет Велес“.
Влезот на трите натпревари ќе биде бесплатен.
Спортска сала „Независна Македонија“, лоцирана во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“
28.11.2026
Втора лига – жени
17:00 ЖОК Јанта Волеј – ЖОК Шкендија
Прва лига – жени
20:00 ЖОК Фламинго Волеј – ЖОК Јанта Волеј
29.11.2026
Прва лига – мажи сениори
15:00 КК Ангели – КК Борец Баскет Велес



