Агенцијата за катастар на недвижности, во соработка со Општина Кисела Вода, по барање на граѓаните од Драчево организира нови отворени денови во населбата Драчево.
Сите заинтересирани граѓани кои имаат прашања или сакаат да се информираат за нивната имотна состојба можат да дојдат во Месната заедница во населба Драчево на 27.03.2015 (петок) од 09:00 до 17:00 часот.
Во просториите на Месната заедница Драчево ќе бидат сместени десет стручни тимови од Агенцијата за катастар на недвижности кои ќе имаат за цел да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги надминат нејаснотиите во врска со нивните имоти.
Сите заитересирани граѓани од Драчево може да закажат на следниве телефонски броеви 02/3097-337 и 02/3097-300 .