Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ со увид во градежни активности ја отвори новата работна година

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претседателот на Советот на општината, Tрајче Донев, во првиот работен ден од новата 2015 година, изврши увид во почетокот на градежните активности во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. 

 Во овој училишен објект, во кој настава посетуваат 800 ученици во 33 паралелки, се врши замена на старите и дотраени прозорци со нови, со што, покрај подобрувањето на естетскиот лик, се добива и подобрување на енергетската ефикасност на училиштето, што е зацртан курс на движење на општина Кисела Вода и во годината што е пред нас.

Активностите течат и треба да бидат завршени за време на зимскиот распуст, по кој учениците ќе се вратат на настава. Проектот е вреден 15 000 евра. Нив, како целосна донација ги обезбеди фирмата Цементарница Усје, во рамките на својата програма за општествена одговорност.

Споделете:

Scroll to Top