Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на празникот Свети Еремија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вчера присуствуваше на одбележувањето на празникот Свети Еремија, во рамки на кое се одржа и Меѓународниот детски фестивал „Цветови“. Настанот се одржа кај манастирот посветен на светецот, каде што со звуците на детската песна, фолклорот и богатата културна програма, се испрати порака на единство, пријателство и духовна поврзаност.

– Со особена чест и радост денес ве поздравувам овде, на ова големо културно случување – Меѓународниот детски фестивал „Цветови“, кој веќе две децении ги обединува децата и културите од целиот свет преку игра, песна и традиција.

Фестивалот, кој се одржува токму денес, кога се чествува Свети Еремија, не е само празник на фолклорот – тој е сведок на нашата историја, нашата духовност и заедничката волја да ги чуваме вредностите кои не дефинираат како народ. Нашата култура и вера се темелите врз кои ја градиме иднината.

Овде, во овој дел на општината, се наоѓа еден од белезите на нашето културно и духовно наследство – манастирот каде што денес го одбележуваме овој настан. И затоа, дозволете ми од сѐ срце да им се заблагодарам на мештаните, на луѓето кои живеат овде, што со децении со љубов и посветеност се грижат за овој простор, го одржуваат и го збогатуваат – за сите нас, и за генерациите што доаѓаат.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредувањето и зачувувањето на ваквите свети и значајни места. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник го помогнавме партерното уредување на манастирот каде што сме денес, а ја поддржавме  и иницијативата за поставување на Крстот во непосредна близина.

Неговата симболика е длабоко значајна – тој е симбол на надеж, на сила, на вера, на единство и мир и тоа се пораките кои сакаме да ги пренесеме до секој посетител кој ќе дојде на ова место, сега или во иднина.

Благодарност упатувам и до организаторите – ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“, што со својата визија и енергија го одржуваат фестивалот жив и го прават сѐ попрепознатлив, не само кај нас, туку и надвор од границите на Македонија.

Нека овој фестивал биде симбол на пријателството, на нераскинливата врска меѓу традицијата и иднината, меѓу различноста и заедништвото-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
betwoon
betwoon
betasus
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
norabahis
norabahis
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
vaycasino
vaycasino
betpark giriş
vaycasino
vaycasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino giriş
imajbet
imajbet