Search
Close this search box.

Денеска во просториите на општина Кисела Вода се промовираа 10те нови метларки кои се обезбедија преку проект ,,Зајакнување на општинските совети” заедно со поддршка на Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП.

Големо е моето задоволство што сме денес тука сите заедно на финализацијата на проектот ,,Зајакнување на општинските совети” кој целиот овој изминат период го спроведуваме во соработка со УНДП и со поддршка на Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа. Се работи за проект кој во целост се совпаѓа со нашите стратешки заложби за подигнување на транспарентноста и зголемување на довербата кај граѓаните преку нивно активно учество во креирањето на приоритетите на Општина Кисела Вода. Нашите жители беа вклучени во целиот процес. Низ пет форумски сесии граѓаните најпрво ја бираа областа, а потоа и го избраа проектот кој веќе е реализиран и кој денес го промовираме. Мнозинството како тема ја избра животната средина и одлучи дека треба да се набават машини за метење кои треба да ни помогнат нам, како локална самоуправа да бидеме поефикасни во одржувањето на чистотата на нашата општина. Преку проектот ,,Зајакнување на општинските совети” што го финансира Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, беа обезбедени средства и овие популарно кажано ,,метлачки”, веќе ни стојат на располагање.

 Воедно, бидејќи во Кисела Вода мислењето на секој наш жител има голема важност, ги разгледавме и прифативме и останатите предлози кои не добија потребен број на гласови, но тие ќе бидат реализирани како наши следни чекори. Од самиот почеток, јас како градоначалник и тимот со кој работам, сме посветени на одговорна и транспарентна работа целосно во служба на граѓаните. И за овој проект, но и за сите други претходно бевме во дослух со нашите жители и нивните потреби. Тоа е наша траекторија по која продолжуваме да се движиме бидејќи сме свесни дека тие интегрирањето на граѓаните во процесот на донесување одлуки е најправилниот начин со кој може да се унапредат условите за живеење во нашата општина. Сакам да упатам голема благодарност до УНДП, до Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа со кои успешно го спроведовме овој проект, истакна Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top