Search
Close this search box.

Денот на мајчиниот јазик одбележан во Кисела Вода

Со пригодна манифестација, Општина Кисела Вода го одбележа денешниот 21-ви февруари, Светскиот ден на мајчиниот јазик. Во присуство на претставници од Општината, во ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”, беа доделени награди за најуспешните на распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема: „Јазикот е нашата татковина – Блаже Конески“.

 За важноста на мајчиниот јазик, за неговото значење како идентитетска одлика на секој поединец твореа основците од сите училишта од овој дел на Скопје.

Проектот, кој е под  покровителство на Општина Кисела Вода и се спроведува во соработка со основните училишта, се одржа по 16- ти пат.

Наградените учесници кои се натпреваруваа во две категории, прва категорија од 1 до 5 одделение и втора категорија од 6 до 9 одделение, наградени беа следните ученици:

Литературни творби –  I  категорија

I Место   ООУ ,,Круме Кепески“ – Ученик: Нина Алексовска V–1  ментор: Елена Петровски;

II Место   ООУ ,,Св.Климент Охридски “ – Ученик: Василиј Ѓорѓиевски III– 1   ментор: Елена Симоновска;

III Место   ООУ ,, Кузман Шапкарев“ – Ученик : Петар Донев II– 2  ментори: Гордана Анчевска и Драгица Стојановска;

III Место   ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу“ – Ученик :  Тео Димчевски IV – 3  ментори: Валентина Србиновска и Винета Радовиќ Мирческа.

 

Литературни творби –  II  категорија

I Место   ООУ ,,Партенија Зографски “ – Ученик : Андреј Димовски  VI – а  ментор: Мирјана Велковска;

I Место    ООУ ,, Рајко Жинзифов“ – Ученик : Никола Арсовски  VII – б  ментор: Каролина Коларовска;

II Место   ООУ ,, Партенија Зографски “ – Ученик : Теодор Вртески  IX – в  ментор: Васка Николова Икономова;

II Место    ООУ ,,  Рајко Жинзифов“ – Ученик : Милена Крстевска  IX – б  ментор: Љупка Мишевска;

III Место   ООУ ,, Круме Кепески “ – Ученик :  Лео Миновски IX – 2  ментор: Татјана Пеливанова;

III Место (проза) ООУ ,, Кузман Јосифовски Питу“ – Ученик : Матеа Митова IX – 2  ментор: Татјана Нанкова.

 

Ликовни  творби –  I  категорија

I Место    ООУ ,, Кирил Пејчиновиќ“ – Ученик : Филип Цветков IV-а ментор: Весна Бошковска;

II Место   ООУ ,,  Невена Георгиева – Дуња“ – Ученик :  Матеа Неделковска  IV–б  ментор: Весна Цветановска;

III Место     ООУ ,,  Св.Климент Охридски“ – Ученик : Дарија Јаковчевска IV–3  ментор: Јасмина Лакинска;

III Место     ООУ ,, Партенија Зографски“ – Ученик : Миа Глобочки  IV–а  ментор: Катерина Наумоска Младеноска.

Ликовни творби –  II  категорија

I Место     ООУ ,,Рајко Жинзифов“ – Ученик : Андреј Јовановски   VII – а  ментор: Даниел Манасиев;

II Место    ООУ ,,Невена Георгиева Дуња“ – Ученик : Лина Беслаќ VII – а  ментор: Петар Беслаќ;

III Место ООУ ,, Кирил Пејчиновиќ“ – Ученик: Миа Цветковска VI -в ментор: Марко Јанев;

III Место    ООУ ,,Партенија Зографски“ – Ученик : Софија Манасиева VII – б  ментор: Елена Радевска.

На наградените им беа додлени дипломи, а настанот беше збогатен со музичко-сценски изведби на учениците од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу”, ООУ “Круме Кепески” и ООУ “Невена Георгиева-Дуња”.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, во 2000 година е промовиран како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.

Споделете:

Scroll to Top