Search
Close this search box.

​Завршна фаза од атмосферската канализација во Бирарија!

Интензивно продолжуваат градежните активности на улицата Томе Арсовски во населбата Бирарија, каде што пред помалку од еден месец започна изградбата на атмосферската канализација. До овој момент е изведено околу 75% од вкупната должина на инфраструктурниот зафат. Следна фаза е поставување на сливници, со што ќе се овозможи ефикасно и безбедно одведување на атмосферските води. Овој чекор ќе придонесе за подобрување на условите и секојдневното функционирање на жителите во населбата.
– Преку вакви системски и одговорни инвестиции, обезбедуваме трајни инфраструктурни решенија и директно одговараме на реалните потреби на граѓаните – изјави Стаменкоска Трајкоска

Споделете:

Scroll to Top