Search
Close this search box.

Засилени инспекциски надзори на инспекторите за животна средина

Во текот на последното тромесечје овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода, согласно своите надлежности вршеа засилени инспекциски контроли. Инспекциските надзори се вршеа по пријава од граѓани и а воедно се одвиваа и редовни инспекциски надзори. Се контролираа, пред се, правните субјекти кои согласно Закон за животна средина се должни да изготват елаборат за заштита на животна средина за чие одобрување е надлежна општината.

 

Поради актуелниот проблем со загадувањето на воздухот посебен акцент при инспекциските надзори се даде на правните субјекти кои работат со отпадни моторни масла и отпадни гуми (механичарски сервиси и вулканизери) при што се контролира дали истите имаат склучено договор со лиценциран постапувач со таков вид отпад и дали отпадот редовно се предава на лиценцираниот постапувач. Се контролира и начинот на затоплување во објектите.

Во наведениот период извршени се над 40 инспекциски надзори и издадени се 8 решенија за отстранување на неправилност.

При спроведување на инспекциската постапка согласно Закон за животна средина се спроведува и постапка за едукација на правни и физички лица. Казната за прекршувањето на овој Закон изнесува 3.000 евра за прави лица. 

Споделете:

Scroll to Top